Monday, January 23, 2017

                                   ПРОЕКТ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА МУЛТИКУЛТУРНАТА СОРАБОТКА СО ОПШТИНИТЕ













Во рамките на проектот ЈМСО планираните активности понатаму продолжуваат по предложениот план кој оваа година е концентриран на афирмација на активностите на географската секција која во својот акционен план ја третира темата население и етничка припадност.
Во вистината на човечкото постоење верувањето на бога  и љубовта е единствен двигател на успехот.Учениците продолжија со откривање на разликите во религиите кај христијанскиот и муслиманскиот народ преку посетата на црквата св.Димитрија и Исак Џамија во Битола каде свештените лица ги запознаа со основните религиозни постулати на двете верувања.Учениците научија дека животот се темели на основните човекови постулати љубов,вера и надеж.Од сите нив најсилна е љубовта.Следуваат уште повозбудливи авантури во понатамошниот период.Следна активност е посета на ромско и македонско семејство.Согледување на сличности и разлики во културата и традициите.Учење за старите занаети и посета на многу културно-историски споменици.Нашата мисија на ширење пријателство продолжува....         

Галерија

No comments:

Post a Comment