...... ОБЕДИНЕТИ
ВО РАЗЛИКИТЕ ВО ПОТРАГА ПО УСПЕХОТ.....
ПРОЕКТ
ЗА ЈАКНЕЊЕ НА МУЛТИКУЛТУРНАТА СОРАБОТКА СО ОПШТИНИТЕ
РЕАЛИЗИРАНИ ЗАЕДНИЧКИ АКТИВНОСТИ ОД ДОЛГОТРАЕН
КАРАКТЕР ЗА УЧЕБНАТА 2016/17 ГОДИНА
Во рамките на
проектот ЈМСО планираните активности понатаму продолжуваат по предложениот план
кој оваа година е концентриран на афирмација на активностите на секциите во
училиштето и воннаставни активности.
Посета на спомен
куќата на Кемал Ататурк се реализира на ден 21.05.2016 каде учениците се запознаа со културата и
историјата на турскиот народ кој е неделива етницка заедница во Битола и
посебно се негува културното богатство со организирање на бројни туристички
посети.Учениците имаа можност да проследат видео презентација за историјата на
турскиот великан и основач на турската
држава Кемал Ататурк и притоа имаа чест на три јазици да добијат
вистинска слика за минатото на овој великан.Потоа продолжија во разгледување на
историската постановка од неолит до современ период изложена во самиот
музеј,при што кустосот на музејот имаше свое излагање.Учениците имаа изготвено
прашалници според кои ке се информираат за потребните податоци.Одговорни
наставници за оваа активност беа Даниела Ристова –наставник по географија и
Даниела Лавуровска координатор на проектот.
Потоа следеше посета
на детската патека и Инфо центарот Пелистер-на тема Мојот Град-почиста околина
Учениците
претходно добија насоки за целта која што треба да се постигне со оваа
активност и едукативни задачи што треба да се реализираат.Учениците беа одлично
пречекани од тимот во Инфо центарот – презентерот Виолета Сотировска која имаше
свое излагање во врска со постановките и истата задача беше во рамките на овој
проект.Учениците со огромен интерес следеа и уживаа во
презентацијата.Наставничката по географија Даниела Ристова имаше своја
презентација за Училиница во природа и ориентација во просторот како и
зачувување на околината и грижа за природните богатства.Потоа учениците се
упатија на детската патека која води до локалитетот Голема Ливада.Патем имаа
можност од паноата поставени да соберат информации за ретките флора и фауна на
овие простори.На Голема ливада учениците имаа едукативна работилница-ракување
со компас и читање на карти.Потоа учениците се релаксираа со мала закуска и
одиграа еден натпревар во фудбал.Задоволството и дружењето ги покажаа преку
пораките кои лично ги напишаа и покажаа дека сите сме еднакви и најважно е
делка треба да си помагаме едни на други !
Во Инфо- центарот учениците
преку презентација и издвоени
фотографии направија кратка ретроспектива на најбитните причини зошто
Националниот Парк Пелистер е најстар прогласен парк на територијата на
РМакедонија и 13-ти на територија на
Европа.Секоја понудена фотографија бараше одговор од учениците и интеракција со
што се доби целосна слика на тоа дека
учениците поседуваат одредени
познавања за НППелистер.
Преку карта изрботена од НП Пелистер сликовито се укажа на
постоењето на различни заштитни зони во паркот со различен степен на
заштиа.Целта на работилницата беше да се увиде еколошката состојба на
националниот парк :
• Загадувачи
во НП Пелистер ;
• Изучување
на правилата и прописите на НППелистер и укажување на казнените мерки кои се
спроведуваат од страна на шумарите;
• Јакнење
на свесноста за заначењето на флората и фауната која дел ја има само на Баба
Планина или е реткост во останатиот дел од светот;
• Јакнење
на еколошката свест за нејзина заштита
После проследениот теоретски дел учениците низ природата се
прошетаа по Детската патека.Низ патеката ги разгледаа едукативните табли за
рисот, моликата, мечка и др. И го обновија своето знаење.Исто така во им беа
презентирани испечатени слики на правила на однесување во НП на кои учениците им го погодуваа нивното значење за подоцна ова
ново стекнато знаење да го применат со нивно пронаоѓање низ Детската патека.
Во вистината на
човечкото постоење верувањето на бога и
љубовта е единствен двигател на успехот.Учениците продолжија со откривање на
разликите во религиите кај христијанскиот и муслиманскиот народ преку посетата
на црквата св.Димитрија и Исак Џамија во Битола каде свештените лица ги
запознаа со основните религиозни постулати на двете верувања.Учениците научија
дека животот се темели на основните човекови постулати љубов,вера и надеж.од
сите нив најсилна е љубовта.Следуваат уште повозбудливи авантури во
понатамошниот период
Учење за старите
занаети и посета на многу културно-историски споменици.Нашата мисија на ширење
пријателство продолжува....
Прилогот го
подготвија
Даниела
Лавуровска-координатор на проектот
Даниела
Ристова-одговорен наставник за секцијата по Географија
No comments:
Post a Comment